Пороен дожд и грмежи во форма на невреме
Објавено: 25 август, 2021, во 09:30 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.
И утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.


