Повторно висок број на казнети граѓани за не носење на заштитна маска
Објавено на 20 мај, 2021 во 12:09
Во последното деноноќие, на територија на Република Северна Македонија, од страна на полициски службеници казнети се 17 граѓани кои не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час.
Исто така, за Уредбата за носење на лична заштита регистрирани се 392 прекршоци.
Од Министерство за внатрешни работи се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.