Пожарите во беровско локализирани со помош на хеликоптери и на словенечкиот тим

Објавено на 7 август, 2021 во 16:19
Фото: ДЗС

Попладнево тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување го локализираа пожарот на Грбавец над село Будирнаци во беровскиот крај. Огнот е ставен под контрола и притоа е спасена куќа и плевна, соопштува ДЗС.

На пожарот што беснееше на местото викано Чокалица делуваше хеликоптер и истиот е локализиран, а на самото место заради контрола на ситуацијата ќе останат тимови од Словенија.

Фото: ДЗС

Словенија пред 3 дена во земјава испрати 46 припадници на цивилната заштита специјализирани за гаснење пожари со 16 возила, кои се распоредени според потребите на противпожарните служби на теренот каде е најкритично со пожарите, претежно во источниот дел на Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.