Православен календар: Празник на Свети Јаков, епископ Нисибиски
Живееше како отшелник – во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но, тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијци со војска да ја нападнат Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми, па и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така, светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијците, за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.
Дума.мк