Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена
Објавено на 25 јануари, 2022 во 09:50

Синоќа Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
-На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница, соопштија од Влада.
