Пролонгиран стартот на женското фудбалско првенството, пријателски велешанки ги победија струмичанки

Наместо на 7 и 8 ми август за кога беше закажан стартот на првенството во првата фудбалска лига – жени, по информацијата што вчера стигна од Фудбалската федерација на Македонија, почетокот сепак се одложува за две седмици. Натпреварите од првото коло на новото првенство се закажани за 21 август, годинава.
ЖФК„ Борец“ и покрај пеколните горештини интензивно продолжува со тренинзи и подготвителни натпревари. На последниот одигран на градскиот стадион совладана е екипата на „Тиверија“ од Струмица со резултат 3:2.
Ова беше убав тест за двата состави кои според покажаното ќе атакуваат за врвот на табелата. Срумичанки со право ги сметаат за еден од посериозните кандидати за освојување на првото место.

Гледачите имаа можност да ги видат и засилувањата во Борец. Жељана Максимовиќ напаѓач, Нина Јовановиќ одбрана и Николина Батиниќ среден ред,играчи кои дојдоа од екипата на „Земун“ од Србија а во тимот се врати голманот Олгица Арсова која настапуваше за „Саса“.
Инаку, на стартот во првото коло ЖФК„Борец“ гостува во Битола на екипата на „Топ гол“. Во меѓувреме се прават напори за реализација на уште едно засилување со што составот на велешкиот тим ке биде комплетиран.
Лазар Лазаровски
