Променливо облачно време, од петок со поројни врнежи од дожд
Објавено на 30 март, 2022 во 09:29

Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и понекаде ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој попладне вдолж Повардарието ќе засилува.
Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер.
Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, на места пообилни проследени со грмежи и силен ветер.
