Променливо облачно време со пороен дожд
Објавено на 25 април, 2023 во 09:38

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град. Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 10 степени, а дневната од 12 до 22 степени.
И утре се очекува променливо време со пороен дожд.
Дума.мк
