Редици за субвенции за инвертер клими – Општина Битола надоместува дел од трошоците
Голем број битолчани покажаа интерес за јавниот повик на Општина Битола за надомест на дел од трошоците за купување на инвертер клими. Заинтересираните битолчани чекаа во редица од утрово, пријавувањето беше во Општината, откако се појавија технички проблеми тоа да се спроведе преку платформата мЗаедница.Дел од нашите читатели реагираа дека во редицата чекале и по неколу часа додека да ги поднесат документите, објави Апла.мк.
Рокот за достава на апликациите се продолжува за два дена, односно ќе трае до 12.04.2023.
Денес започна аплицирањето на жителите на општина Битола, за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди за 2023 година.
До 10.15 часот беа поднесени 196 барања од граѓани. Средствата што ќе ги надоместува Oпштина Битола се во вредност од 30% од вкупната цена на чинење на уредот, но не повеќе од 18.000,00 денари.
Согласно Програмата за животна средина на Општина Битола за 2023 година, бројот на добитници е ограничен до висина на определениот износ од од 1.600.000,00 (еден милион и шестотини илјади) денари со пресметан персонален данок на личен доход.
Со истата Програма, предвидени се и други субвенционирања, со што општината има за цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата, не влијаат врз климатските промени и се во насока на енергетска ефикасност и подобрување на квалитетот на животната средина.
Дума.мк