Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Владата на Руската федерација ја одобри листата на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, на листата се наоѓа и С.Македонија.
– Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – соопшти прес-службата на Кабинетот на министри.
На списокот се Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земји-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Северна Македонија, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.
Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.
