Се вози и со над 70 км/ч повеќе од дозволеното: Со ноќен радар 133 санкции
Објавено на 15 јули, 2022 во 11:34
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи.
-Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, пишува во дневниот билтен на МВР.
Притоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.