Серија земјотреси во Македонија
Објавено на 30 мај, 2022 во 09:23
Повеќе помали земјотреси вчера попладне се почувствувани во тетовско-гостиварскиот регион.
Западниот дел како и многу делови ширум државата викендов беа погодени од невообичаено невреме, проследено со многу обилни дождови и град.
Земјотресите за кои објави и европскиот сеизмолошки центар се со мала јачина од 2,2 до 2,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот како што се наведува е помеѓу двата града.