Синдикалната кошница во мај поскапа за 1.217 денари во однос на април

Објавено на 20 мај, 2025 во 15:15

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за мај е 63.908 денари, и бележи покачување од 1.217 денари во споредба со април. 

За семејствата кои живеат под кирија, во стан од 60 м2 кошничката изнесува 79.283 денари. Податоците ги објави Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), според утврдена методологија за четиричлено семејство.

Сумата која треба да се издвои за храна и пијалоци изнесува повеќе од една третина од кошничката, за да се прехрани семејството треба да потроши 22.434 денари, односно 954 денари повеќе отколку во април.

„Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија. Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на Синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите. Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чувствуваат оваа неправда“, истакнува ССМ.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.