Скрининг во школите: Ќе се тестираат 8.200 ученици, ќе се бара согласност од родителите
Објавено на 12 октомври, 2021 во 10:23
Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.
Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.
Во училиштата вакцинирани се околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.