Славчо Попоски: Доаѓа многу потопол бран од југ, но повремено ќе има локален дожд и силен ветер

Објавено на 10 април, 2025 во 11:56

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правен, повремено и локално со брзина до 70км/час, најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели од државата.

-Денеска и утре ќе има појава на локален дожд, додека на повисоките планини, над 1700/1800 метри надморска височина ќе има појава на повремен снег. Да напоменам дека локално е можна и појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи, објаснува метеорологот Славчо Попоски.

Температурите од ден на ден ќе бидат се повисоки, како минималните утрински така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден температурите насекаде ќе надминуваат 10 степени, но на многу места ќе се искачат и до околу и над 15 степени.

Во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе се искачат околу и над 20 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.