Славчо Попоски: Доаѓа невреме во Македонија!

Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата држава ќе помине влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер над 60 км/час електрични празнења и со услови за појава на град, соопшти метеорологот Славчо Попоски.
Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.
Попоски апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Дума.мк
