Следува период на стабилно време со појава на умерена облачност
Објавено на 27 октомври, 2021 во 09:20

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските, кои насекаде ќе бидат над нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
