Следува период на умерено до значително облачно и студено време
Објавено на 13 декември, 2021 во 09:26

Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.
Во текот на утрешниот ден повторно променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.
Следува период на умерено до значително облачно и студено време.
