Снег во октомври: Маврово, Попова Шапка, Нижо Поле, Крушево и Пелистер под снежна покривка
Објавено на 14 октомври, 2021 во 15:07

Зимата дефинитивно ни се приближува. Утринава пристигнаа и првите фотографии од снежните прекривки во Маврово, Попова Шапка, Нижо Поле, Крушево и Пелистер.
Според најавите на метеролозите на планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст
