Со домашно производство целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи, произведени 16.363 MWh во изминатото деноноќие
Објавено на 14 декември, 2022 во 12:56
АД ЕСМ на 13 декември, годинава, произведе 16.363 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи,соопшти владината прес служба.
„Во Термоелектраните произведени се 13.223 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.140 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата,“ пишува во соопштението.
Владата податоците ги превзела од Диспечерски извештај на АД ЕСМ кои се однесуваат на 13 декември, годинава.
Дума.мк