Сончево и многу топло, попладне услови за дожд
Објавено на 25 август, 2023 во 09:15

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната темература ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време.
Дума.мк
