Сончево и топло, попладне можни врнежи од дожд

Објавено на 20 април, 2023 во 09:28

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, известуваат од УХМР за денешната временска прогноза.

Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и особено на југот понекаде со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Наутро ќе биде од 0 до 8 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе стигне од 11 до 22 Целзиусови степени.

Максималната температура утре ќе биде 23 Целзиусови степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.