Сончево и топло време, попладне можно невреме со град
Објавено: 30 јуни, 2026, во 09:05 часот
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места ќе има услови и за краткотрајно невреме со појава на град.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од скопската котлина се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од утре температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, велат од Управата.
Дума.мк


