Сончево утро, попладне променливо време со дожд и грмежи

Објавено: 14 мај, 2026, во 09:05 часот

„Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер,“ соопшти Управа за хидрометеоролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.