Сончево време со температури до 36 степени, попладне можно невреме
Објавено: 8 јули, 2026, во 09:06 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и со грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 Целзиусови степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 26 до 36 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и за грмежи, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Дума.мк


