Сончево време со умерена облачност

Објавено на 13 септември, 2022 во 08:59

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.  Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени. УВ=6

Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната до 25 степени.

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.