Сончево време со умерена облачност
Објавено на 13 септември, 2022 во 08:59
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната до 25 степени.
Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.