Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе е во прекин
Објавено на 20 декември, 2022 во 09:19
Oд 09:00 часот сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе е во прекин. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.