Сообраќајот се одвива непречено

Објавено на 23 август, 2021 во 09:37

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков сообраќај.

Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.