Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози

Објавено на 25 март, 2022 во 09:40

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на Граничниот премин Богородица кон Табановце ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот почнувајќи од 23.03.2022 од 14:00ч. ќе трае во следните 3(три) дена.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.