Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, поради одрон на патниот правец Св. Николе- Миладиновци сообраќајот е пренасочен на една коловозна лента
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
На 19.12.2021 година, регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман, поради наноси од снег, не е прооден за ПМВ.
На 15.12.2021 г. од 10 часот мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.
Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.