Спасовски: МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес

Објавено на 15 октомври, 2021 во 09:49

Изборите секогаш претставуваат демократски испит за зрелоста на една држава.МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес, вели во своето видео обраќање министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

-Нека биде заедничко задоволството на крајот на овој изборен процес да констатираме дека сме имале беспрекорен изборен ден, дека заеднички сме придонеле за фер и демократски избори, кои ќе го подигнат уште едно скалило погоре меѓународниот углед на земјата.Нека биде ова заедничка победа на демократијата и евроатлантските вредности!, вели Спасовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.