Спречен обид за нелегално изнесување на девизи, запленети 27 илјади евра

Царинска управа ифнормира дека во вторникот, на 18 јули, околи 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин „Богородица“ се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин.
-При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани, додаваат од Царинска управа.
Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.
Дума.мк
