Стелт омикрон пристигна во земјава
Објавено на 14 февруари, 2022 во 15:12

Министерството за здравство денеска информира дека три лица се заразени со новиот подсој на омикрон познат како „стелт“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, две заразени лица се од Скопје, а едно од Струмица, објави МИА.
Според информациите на ИЈЗ, кај 35 примероци била докажана Ба.1 сублинија на омикрон.
Сѐ уште циркулира и Делта варијантата којашто е докажана кај 3 примероци (два се од Гевгелија и еден е од Велес), а кај два примерока е потврдена influenca тип H3N2.
Податоците биле собрани од 29.01 до 06.02.2022 година.
