Канада земја на најобразовани граѓани: Половина нација со академско образование!
На листата на земји со најголем број високообразовани лица прва е Канада, а по неа се рангирани Израел, Јапонија, САД и Нов Зеланд, објави швајцарскиот весник „Билан“.
Во Канада, за десет години, бројот на возрасните кои имаат универзитетска диплома се зголемил од 40 на 51 отсто. Тоа е единствената земја во која повеќе од половината возрасно население е академски образовано. Државата во образованието вложува 6,1 отсто БДП.
Најновата листа, која ја состави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), за најобразованите нации, опфаќа вкупно 34 земји членки на оваа организација на индустријализирани земји и уште осум влијателни светски економии. а составена е врз основа на бројноста на високообразованите во однос на бројот на возрасни жители.