Убиен Хамис, синот на Моамер Ел- Гадафи
Хамис, синот на поранешниот либиски водач Моамер ел-Гадафи, бил убиен во во градот Бани Валид во борбите меѓу владините сили и групите на бунтовниците приврзаници на Гадафи, јавија во неделата египетските медиуми.
Веста за убиството ја потврдил Омар Хомејдан официјалниот претставник на Генералниот национален конгрес или највисокото законодавно тело во Либија. Тој изјавил дека Хамис Гадафи бил убиен во саботата навечер во борба меѓу владините сили и бунтовниците во Бани Валид како и дека телото на убиениот било пренесено во градот Мисрата.
Претходно медиумите пренесоа информации според кои Хамис Гадафи во последно врме се наоѓал во многу лоша здравствена состојба и бил на границата на смртта во Бани Валид, но дека продолжил да раководи со приврзаниците на поранешниот режим кои го имаат под контрола градот што беше меѓу последните упоришта на поранешниот режим.
Информациите за смртта на Хамис Гадафи се совпаѓаат точно со годишнината од ликвидацијата на неговиот татко, имено полковникот Моамер ел-Гадафи кој на 20-ти октомври 2011 година беше уапсен и ликвидиран од тогашните либиски востаници во близината на неговиот роден град Сирт.