Грчката полиција уапси познат новинар: Објавил список на грчки „милионери“!
Новинарот Костас Ваксеванис бил уапсен во неговиот дом во Атина откако тој на Twiter објавил за апсењето и побарал за тоа да биде објавено. На новинрите полицијата им го потврдила апсењето без да соопшти за што е обвинет Ваксеванис. Апсењето се случило откако списанието Hot Doc, чиј издавач е самиот Ваксеванис, ја објавило „листата Лагард“ со имињата на околу две илјади Грци кои во 2007 година имале сметки во швајцарската филијала на банката HSBC.
Досега ниту еден официјален извор во Грција не ја потврдил вистинитоста на оваа листа што инаку на државните органи во 2010 година им ја дала актуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Таа тогаш ја извршуваше функцијата министерка за финансии на Франција. Потоа официјалните власти во Грција побарале од француската влада уште еднаш да им ја пепрати листата која неможеле да ја пронајдат на нивна територија.
Поради актуелната економска состојба во Грција објавената листа предизвикала сомнеж дека некои личности чии имиња се наоѓаат на „листата Лагард“, како претседателот на грчкиот парламент, политичари, бизнисмени, вработени во министерството за финансии, архитекти, актери и новинари, избегнале да платат данок. На листата, објавена во Hot Doc, не биле напишани точните суми со пари кои ги имале депонирано лицата но било објавено дека на некои сметки имало депонирано и до 500 милиони евра.