Нов штрајк на новинарите во државните медиуми во Грција!

Објавено: 11 февруари, 2013, во 16:02 часот

 

Против мерките на штедење штрајкуваат новинарите на државната телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, генералниот секретаријат за информирање, радиостаниците Атина 98, 4 ФМ, Канал 1 90,4 ФМ, Епикинонокиа ФМ и на телевизискиот канал Парламент.

 

Организатор на 24 часовниот штрајк е синдикатот на грчките новинари. Со штрајкот се бара потпишување на колективните договори, како и сопирање на отпуштањата и заштита за независната работа на новинарите, пренесува Танјуг.

Досега грчките новинари штрајкуваа неколку пати против реформата на социјалното осигурување. Тие не постигнаа конкретни резултати.

Извор:Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.