Ватикан ќе добие црн Папа?!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 17:34

Кардиналот Петер Турксон (64) од Гана има најголеми шанси да стане нов Папа. Тој е претседател на Папскиот совет за правда и мир а најголем адут да стане папа му се годините.

 

Ватикан – После смртта на Јован Павле II и изборот на Бедедик XVI се шушкало дека наредниот папа би можел да биде црнец. По денешната објава за заминување од должноста на Папата Бенедик XVI ова прашање повторно се актуелизира во католичката црква.

Кандидат со најголеми шанси да стане нов Папа е кардиналот Петер Турксон .

Во кладилниците пред Турксон е само нигерискиот кардинал Франциз Аринзе (80) но треба да се знае дека тој не ни може да учествува во изборот за нов Папа бидејки наполни осумдесет години а правилата налагаат дека во изборот за нов поглавар на католичката црква можат да учествуваат исклучиво кардинали кои се помлади од 80 години.

Трет на кладилничарските листи  е венецијанскиот кардинал Ангело Скола (71), четврти Оскар Родригез Марадиаго (70) од Хондурас а петти кардиналот Алберт Малколм Ранјтих од Шри Ланка.

За името што новиот папа би можел да го добие најдобро котираат : Петар, Пије, Јован Павле, Иван и Бенедикт./А.Ј

Извор : Индех.хр

Фотографија: Ројтерс

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.