Рател: “Русија ја попречува истрагата за трговијата со човечки органи“!
Објавено: 11 февруари, 2013, во 23:02 часот
Специјалниот тужител на Еулекс, Џонатан Рател, ја обвини Русија дека ја попречува најважната меѓународна истрага во Европа која се однесува на трговијата со човечки органи.
Според Рател препреката од Русија била во тоа што не сакала да ги достави доказите со кои располага а се однесуваат на случајот со приштинската клиника “Медикус“.
Една од причините била од правна природа, бидејќи Москва не сака да соработува со земјите кои не ги признава. Рател во изјава за фрнцуски “Монд“ тврди дека Русија имала докази за најмалку три жртви кои ги продале органите.
“На мое барање жртвите се испитувани и подлежеа на медицински тестови и експертизи. Пробавме на сите начини, правни и дипломатски, да ги добиеме тие документи. Руските власти не се огласија“ тврди Рател нагласувајќи дека тие докази биле клучни во истрагата./А.Д
Извор: Телеграф
Фото: Телеграф
