Најмалку 15 загинати и над 160 исчезнати лица при уривање на глечер во Индија

Објавено на 8 февруари, 2021 во 10:13

glecer fin

08.02.2021

Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 160 се водат како исчезнати откако вчера пукна и се оддели глечер во северна Индија и предизвика лавина и поплави.

Инцидентот се случил вчера во областа Чамоли во дистриктот Утаракханд на Хималаите, околу 2.000 метри надморска височина, а населението е евакуирано.

Парчињата глечер оштетија две хидроелектрани и пет мостови на реката Алакнанда.

Спасувачите пронајдоа 15 безживотни тела на различни места во дистриктот Утаракханд, а спасени се 25 луѓе.
Дистриктот Утаракханд во 2013 година беше погоден од монсунските дождови, а во поплавите загинаа околу 6.000 луѓе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.