САД се приближуваат до 500.000 смртни случаи на коронавирусот
Објавено на 22 февруари, 2021 во 12:13
22.02.2021
Соединетите Американски Држави се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, додавајќи дека досега од вирусот починале околу 498.000 лица.
Имунологот Ентони Фаучи изјави дека бројката од 500.000 жртви е речиси за 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна.
САД во јануари, непосредно пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирусот.