Македонија презентирана во Лондон
Објавено: 5 ноември, 2012, во 14:09 часот
Од денеска до четврток македонските туристички потенцијали ќе бидат презентирани на Глобалниот саем тур-оператори во Лондон.
Исто така,закажани се и билатерални средби со повеќе тур-оператори за склучување договори а туристички посети од Британија во Македонија.
Презентациите ги организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот и македонската Амбасада во Лондон.
