Трагедијата во „Пулс“ однесе уште еден живот – почина 24-годишно момче од Кочани

Објавено на 17 април, 2025 во 14:05

Министерството за здравство соопшти дека денеска претпладне машко лице од Кочани, роден 2001 година подлегнал на повредите, согласно информациите добиени од Воено Медицинската Академија во Белград. Ова е 62-ра жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец“, инфомрираа од министерството.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License