Трендафилов ги повика работниците на протест: „Приклучете се за вашите плати“

Објавено: 26 јануари, 2026, во 14:23 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Сојузот на синдикатите на македонија (ССМ) повикува на протест в среда на 28 јануари пред Работнички дом во Скопје, со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра. Слободан Трендафилов ги повика работниците да не се плашат и да се приклучат, нагласувајќи дека ова е борба за достоинството и правата на трудот.

„Овој протест е за твојата плата, затоа што ако не ти, кој друг ќе се бори за твојата плата“, пишува Трендафилов во отвореното писмо до работниците.

Протестот ќе продолжи пред собранието, Стопанската комора и владата, со порака дека само заедно може да се промени неправдата и да се обезбедат пристојни примања за работниците и нивните семејства. Додека власта и газдите одбиваат да ги зголемат платите, работниците се повикуваат да застанат заедно и да ја искажат својата сила.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.