Три години затвор за возачот кој ја прегази девојката кај „Сити мол“
Објавено на 11 април, 2022 во 10:37
Тригодишна затворска казна доби возачот Јордан Ѓоргиев кој во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.
-Кога би можел да го врати времето тогаш би се сменил со трагично загинатата Викторија Николова, Свесно го давам признанието, рече Горгиев на предходното рочиште.
Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.