Уапсени 24 лица за подметнување пожари
Објавено на 17 август, 2021 во 13:50
Во периодот од 03.08.2021 до 15.08.2021, во координација со Јавен обвинител се приведени, лишени од слобода 24 лица, уште 18 се повикани во станица на разговор, поради постоење основи на сомнение дека подметнале или предизвикале пожари., информираат од Министерство за внатрешни работи.
Поднесени се две кривични пријави против две лица по член 288, предизвикување на општа опасност, и тоа од ОВР Прилеп и СВР Струмица, две кривични пријави против 3 лица по член 227, предизвикување на шумски пожар и двете од ОВР Дебар.