Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто

Објавено на 9 јануари, 2025 во 17:34

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 0.6 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6%, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 3.5 %.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.