УЈП за три дена го продолжи рокот за поднесување ДДВ-04 пријави
Објавено на 24 април, 2023 во 14:34
Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 1 јануари до 31 април 2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април, соопшти Управата за јавни приходи.
-Тридневното продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави е со цел да се избегне отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, додаваат од УЈП.
Дума.мк