Украдени 16 уметнички дела од Павле Кузманоски
Објавено на 27 јуни, 2022 во 13:25
Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од познатиот уметник Павле Кузманоски од Тетово, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.
-По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, информираат од „Матица Ексклузив“.